Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден: Во Скопје регистрирани 180 бездомници

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На територијата на Скопје има 180 бездомни лица,а на дневна основа услугите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток ги користат 50 лица, соопшти денеска секретарот на Црвен крст – Град Скопје, Сузана Тунева Коневска, повикувајќи се на базата на податоци на Црвениот крст.

Пунктот за бездомници на територијата на Скопје функционира веќе осум години.

Во Пунктот два пати во неделата бездомниците можат целосно да се грижат за својата хигиена, да добијат облека, топла храна, совет од лекар, психосоцијална поддршка и правна помош.

Пунктот има посебна програма во зимскиот период, подготовките за зимскиот период се завршени и има дополнителни 20 кревети во однос на минатата година. Вкупно има 40 легла, а ако има поголем број лица, кои бараат сместувања се отвораат и дополнителните интернати или се наоѓаат алтернативни решенија.

Тунева Коневска рече дека е зголемен и бројот на социјални патролни служби, а има дополнување и на медицинскиот услуги.

Во врска со ресоцијализација, тимот работи на враќање на овие лица во нормалните текови на живеење.

– Тоа се лица кои ја имаат загубено довербата во системот, во луѓето, во самите себе, така што индивидуалниот пристап кон личните проблеми на овие луѓе е давање поддршка повторно да се пронајдат себе си и да можат да го најдат своето место во општеството, рече Тунева Коневска.

Десет лица во изминатите осум години, колку што работи Пунктот се вработени и веќе се грижат самите за себе.

Во рамки на пунктот има фризерски салон, во кој овие лица можат да ги користат услугите и таму работи лице, кое претходно било бездомник.

Неодамна, НОВА ТВ објави сторија за бездомникот Муарем Демиров, кој со гангренозни нозе со месеци беше сместен во Психијатриската болница во Бардовци, со неосновани обвинувања дека има психијатриска дијагноза. Но по притисокот на НОВА и Хелсиншкиот комитет, тој конечно беше опериран и сега е сместен во Геронтолошкиот завод.

бездомници Демиров Црвен крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.