Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светските лидери се собраа во ЕП да го испратат Хелмут Кол

0
By Нова ТВ on July 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 1, 2017 20:53

Светските лидери се собраа денеска во Европскиот парламент во Стразбур да го испрат за последен пат архитектот на светскиот поредок Хелмут Кол.

Ова е прва комеморација од ваков тип одржана за еден европски политичар.

Покриен со знаме на ЕУ, ковчегот на бившиот германски канцелар  беше поставен во центарот на Европскиот парламент додека над 800 присутни меѓу кои Бил Клинтон, Дмитриј Медведев и Ангела Меркел му оддадоа почит.

-Хелмут Кол ни пружи шанса да бидеме дел од нешто поголемо од нас самите, изјави Клинтон сеќавајќи се на честите средби во текот на неговиот мандат.

-Сакаше да направи свет во кој никој не е доминантен во однос на другиот. Успеа во тоа и ние кои тоа го доживеавме те сакаме заради тоа, истакна Клинтон.

Кол, кој беше канцелар од 1982 до 1998 година беше сведок на крајот на Студената војна и го сметаат за главен ум на обединувањето на Германија.

Рускиот премиер Дмитриј медведев го опиша Кол како архитект на светскиот поредок.

-Ќе го паметиме како наш пријател – мудар и искрен човек, рече тој.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер рече дека со смртта на Кол заминал еден џин на повоената ера.

-Хелмут Кол беше германски и европски патриот, изјави Јункер.

Меркел која за време на Кол во 90 години беше министерка вели дека често со пријатеките се потсетуваат на понекогаш контроверзната фигура.

-Би можела да ви раскажувам приказни… Но сите тие се во сенка на неговите животни достигнувања, изјави Меркел.

Антони Таљани претседател на ЕП рече дека Кол заслужува почесно место во европскиот пантеон.

На двочасовната комеморација присуствуваа и Тереза Меј, Емануел Макрон и Петро Порошенко.

Церемoнија заврши со интонирање на германската химна и на 9 симфонија на Бетовен “Ода на радоста“ која е химна на ЕУ.

Кол почина на 16 јуни, а ќе биде  погребан во германскиот град Шпаер, каде што се наоѓа катедралата во која почиваат бројните владари на Римското царство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.