Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија.

Петков истакна дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и во рамки на договорот меѓу коалициските партнери.

Петков го повика Министерството за надворешни работи да достави извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија. Тој побара за овој извештај да се расправа и на редовниот коалициски совет во текот на наредната недела.

Според премиерот Петков, конечниот легитимен мандат на темата Северна Македонија го има единствено Народното собрание на Бугарија и, како што рече, тоа треба да биде апсолутно јасно на целото бугарско општество и на надворешните партнери на земјата.