Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свириденко: Украина почна да извезува жито преку хрватските пристаништа

0
By Ана Василевска on September 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Јулија Свириденко
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 7, 2023 15:53

Украина започна да извезува жито преку хрватските поморски пристаништа, со цел да ги прошири своите извозни рути бидејќи нејзините пристаништа на Црното Море се блокирани, изјави денеска првата вицепремиерка Јулија Свириденко.

Главниот извозен пат на Украина минуваше низ нејзините црноморски пристаништа, но Кијив бара алтернатива по руската инвазија минатиот февруари и одлуката на Москва да се повлече од Црноморскиот договор за жито во средината на јули.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави во Загреб на крајот на јули дека Украина и Хрватска се договориле за можноста за користење на хрватските пристаништа на Дунав и Јадранското Море за извоз на украинско жито.

„Украинското жито веќе е извезено преку хрватските пристаништа. Ние сме благодарни за оваа можност. Иако станува збор за ограничена трговска рута, таа е веќе популарна“, рече Свириденко.

„Подготвени сме да ја развиваме со ширење на можностите на сообраќајниот коридор. Веруваме дека оваа логистичка рута ќе игра важна улога во билатералната трговија меѓу нашите земји и по војната“, нагласи Свириденко.

Таа не посочи колку украинско жито веќе е испорачано низ хрватските пристаништа.

Украинскиот синдикат на трговци УГА оваа недела објави дека комбинираната жетва на жито и маслодајни семиња во 2023 година може да достигне 80,5 милиони метрички тони, што значи дека околу 49 милиони тони би можеле да се извезат во сезоната 2023/2024.

Министерството за земјоделство соопшти дека од 1 септември досега се извезени вкупно 4,5 милиони тони.

извоз на жито од Украина Јулија Свириденко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.