Жител на село Липково е приведен, откако по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати смртно го прободел Ј.С. (43). Во СВР Куманово, синоќа околу 19 часот, доктор од Јавната здравствена установа Куманово пријавил дека со возило на Итната медицинска помош било донесено починато машко лице со убодни рани од нож.
По пријавувањето на настанот, соопшти денеска МВР, увид на самото место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а лицето Б.С. (43) е приведено и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.