Хербицидите, кои се еден вид пестициди за уништување на плевелот, се најверојатно причинител на мистериозната болест која ненадејно за само 24 часа од појавувањето на симптомите предизвика смрт на 18 лица во јужна Нигерија, објави Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
„Во моментов поставената хипотеза е дека причина за болеста се хербициди“, појасни портпаролот на СЗО, Грегори Хартл. Тој не наведе, како тие хербициди ги затруле пациентите.
Досеа спроведените испитувања не открија траги од бактерии или вирусни инфекции, како на пример еболата или жолтата треска, даде Хартл. Тестирањето е спроведено во Нигерија, за што портпаролот истакна дека оваа земја располга со многу добри лаборатории“.
Од болеста којашто ненадејни се појавила на почетокот од седмицата во гратчето Оде-Иреле во сојузната југозападна нигериска држава Ондо, каде што за само 24 часа починале 18 лица од 24 кои се пожалиле на симптоми, како нагло замаглување на видот, главоболка, губење на помнењето и брзо намалување на телесната тежина.
Портпаролот на гувернерот на државата Ондо, Кајоде Акимнанде во неделата ја нарече „мистериозно“ и истакна дека следните денови не се пријавени нови случи.




