Светската здравствена организација во соработка со Програмата за околина на ОН, во својот најнов извештај, во кој ги презентира резултатите од студијата за влијанието на хемикалиите врз хормонските пореметувања и здравјето на луѓето, предупредува на опасностите кои може да предизвикаат рак, астма, алергии, неплодност и раѓање на деца со вродени маани.

Според нив, оваа опасност демнее насекаде во нашите домови, објавува index.hr.

СЗО предупредува дека поедини супстанци кои се користат во изработка на детски играчки, столаријата, контролните делови на автомобилите, па дури и во кредитните картички, имаат лошо влијание врз хормоналниот состав на човекот и наведуваат дека забраната за нивно производство е можеби единствениот начин да се спречат несаканите последици.

Од Светската здравствена организација наведуваат дека досегашните резултати покажале дека ова е „само врвот од ледената санта“ и според нив неопходни се и понатамошни истражуваања за да се осигура опстанокот на човештвото.