Само претходната недела регистрирани се повеќе од 3,4 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот, што е за 12 проценти повеќе од претходната седмица, соопшти Светска здравствена организација. СЗО проценува дека за три недели вкупниот број на потврдени случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата ќе надмине 200 милиони.
Моментално, бројот на заразени се зголемува најбрзо во Западен Пацифик и во Европа. Додека Британија, Индонезија, Индија и САД, се едни од земјите во кои има најмногу нови случаи на коронавирусот. СЗО забележува дека опаѓа бројот на смртните случаи, кои изминатата недела во светот се регистрирани 57.000 смртни случаи како последица од Ковид – 19.
Според СЗО зголемувањето на бројот на новозаболени луѓе се должи на ширењето на новите соеви коронавирус, укинување на дел од рестриктивните мерки, како и тоа што голем број луѓе немаат имунитет, и покрај напредокот на кампањата за вакцинација во некои земји.
СЗО: Делта мутацијата на ковид-19 ја има во 124 држави и ќе стане доминантна