Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Загадувањето на воздухот е полошо одошто мислевме

0
By Sashko on September 23, 2021 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше, бидејќи концентрацијата на опасни честички во воздухот во голема мера ги надминува препорачаните нивоа.

Се проценува дека приближно седум милиони луѓе умираат предвреме секоја година од болести поврзани со загадување на воздухот. Во исто време, земјите во развој најмногу страдаат поради нивната зависност од фосилни горива. Загадувањето на воздухот, според ефектот, СЗО го споредува со оној од пушењето и од нездравата исхрана. По ова, пред самитот COP26 во ноември, од 194 земји-членки се бара да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да почнат активности поврзани со климатските промени.

Со децении се намалуваат границите на она што се смета за прифатлива количина на загадување, а во Велика Британија, на пример, дозволените граници за најопасното загадување се четири пати повисоки од максимално дозволените од СЗО.

Според СЗО, „дури 80 проценти од смртните случаи поврзани со честичките ПМ2,5 би можеле да се избегнат доколку сегашните нивоа на загадување се спуштат до нивоа што се предложени во упатствата“.

Неодамна објавените упатства ја преполовија максималната препорачана количина на изложеност на опасни честички наречена PM2.5. Упатствата, исто така, бараат намалување на препорачаната граница и за други микрочестички, на пример, PM10 се намалува за 25 проценти. Други загадувачи вклучуваат озон, азот диоксид, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Загадувањето на воздухот е дополнително поврзано со болести како што се срцеви заболувања, срцеви напади и астма. Кај децата, постои можност загадувањето негативно да влијае на растот на белите дробови и да предизвика астма.

„Подобрувањето на квалитетот на воздухот може многу да придонесе за ублажување на климатските промени, истовремено намалувајќи ги емисиите, што пак ќе го подобри квалитетот на воздухот“, велат од СЗО.

воздух Загадување Свет СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.