Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО започнува програма за дистрибуција на вакцини за борба против мајмунски сипаници

0
By Соња Крамарска on June 15, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека започнува нов механизам за дистрибуција на вакцини за да се запре ширењето на мајмунските сипаници во 30 земји надвор од Африка.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека организацијата работи на иницијатива за „фер пристап“ до вакцини и лекови за мајмунски сипаници.

Механизмот беше предложен веднаш откако Велика Британија, Канада, Франција, Германија, САД и други земји пријавија стотици случаи на вирусот на мајмунски сипаници минатиот месец.

Се смета дека вакцините против големи сипаници, кои се предизвикани од сличен вирус, обезбедуваат ефикасна заштита од мајмунски сипаници во 85 проценти од случаите.

Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге, денеска изјави дека е загрижен поради потезите на некои богати земји да купат повеќе вакцини без да се консултираат со африканските земји.

Клуге ги повика државите „да им пристапат на мајмунските сипаници без да ги повторат грешките од времето на пандемијата на коронавирусот“.

Тој не ја исклучи можноста богатите земји да примат вакцини преку механизмот на СЗО.

Клуге рече дека програмата е наменета за сите земји и оти вакцините ќе се дистрибуираат во согласност со нивните епидемиолошки потреби.

„Европа останува епицентарот на инфекцијата, со 1.500 случаи во 25 земји, што е 85 отсто од сите случаи во светот“, рече Клуге.

Некои африкански експерти прашуваат зошто СЗО досега не предложила вакцините да се користат во Централна и Западна Африка, каде што мајмуните сипаници се ендемични.

„Местото каде што треба да се почне каква било вакцинација е Африка и никаде на друго место“, рече Ахмед Огвел, директор на Африканскиот центар за превенција и контрола на болести.

Тој рече дека недостигот на вакцини за борба против мајмунските сипаници во Африка е поголем проблем од групата случаи на претежно благи форми на болеста во богатите земји.

„Ова е продолжение на нееднаквостите што ги видовме за време на пандемијата на Ковид. Од 2017 година, имавме стотици случаи на мајмунски сипаници во Нигерија и самите се справивме со нив. Никој не спомна кога вакцините би можеле да бидат достапни во Африка, рече Ифеанџи Нсофор, директор на организацијата Нигерија хелт воч. (МИА)

дистрибуција на вакцини мајмунски сипаници СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.