Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таблата со усташкиот поздрав „За дом спремни“ тргната од Јасеновац

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таблата на Хрватските одбранбени сили (ХОС) на која стоеше усташката парола „За дом спремни“ симната е од Јасеновац.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, спорната табла ја отстрануваат работници на комуналното претпријатие на Новска. Таа би требала да биде преместена во спомен обележјето  Трокут во Новска, каде денеска же биде одржана комеморација.

ХОС последниве неколку дена водеа интензивни преговори со хрватската Влада.

Министерот за бранители Томо Медвед не сакаше да ја коментира одлуката за симнување на таблата, која предивика тензии со Србија, која упати и протестна нота до хрватската Влада, бидејќи со тоа се навредуваат чувствата на српскиот народ, бидејќи жртвите во Јасеновац се Срби, ликвидирани од усташите, а таблата содржи усташка парола.

Спомен плочата беше закана за Владата на Пленковиќ

Хрватската коалициска влада, предводена од ХДЗ, се соочува со можноста да се распадне, токму поради спомен-плочата на која е врежан поздравот „За дом спремни“, кој во Втората светска војна го користело профашистичкото усташко движење.

Спомен-плочата беше подигната во чест на 11 загинати членови на Хрватските одбранбени сили (ХОС), паравоени сили и партиска милиција на екстремно десничарската, Хрватска партија на правата, формирани во Татковинската војна во Хрватска. Таа беше откриена во Јасеновац во ноември, во близина на местото на поранешниот најголем усташки концентрационен логор.

Нејзиното поставување веднаш предизвика негативни реакции, не само на опозицијата, туку и на партнерот на ХДЗ, Независната демократска српска партија (СДСС).

Во Јасеновац, помеѓу 1941 и 1945 година, усташите ликвидирале над 83.000 Срби, Евреи, Роми и антифашисти.

Проблемот е и во тоа што слоганот испишан на споменикот, е дел од официјално регистрираниот грб на организацијата на ветераните на ХОС, воени сили формирани на почетокот од конфликтот во Хрватска во 1991 година, кои се бореа против бунтовничките Срби во оваа земја и Југословенската народна армија (ЈНА). Тие во 1992 беа интегрирани во хрватската војска.

Здружението на доброволци на ХОС во Загреб, во 1998 година, беше регистрирано во Градската канцеларија за општа управа и во Министерството за управа, заедно со слоганот „За дом спремни” на нивниот официјален грб.

Користењето на овој слоган во Хрватска не е забрането, иако повеќе судови имаат утврдено дека тој е симбол на усташкиот режим. Овој поздрав, понекогаш се скандира и на некои настани на десницата, но и за време на фудбалски натпревари.

Во декември минатата година, кога медиумите пишуваа за спорот со спомен-плочата во Јасеновац, премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека владата ќе усвои закон, со кој ќе се регулира ова прашање.

Пленковиќ тогаш најави дека ќе се формира специјална комисија, составена од експерти, кои ќе работат на законот за регулирање на употребата на симболите на тоталитарните режими.

Така, хрватската влада, во март оваа година го формира Совет за справување со последиците од владеењето на недемократските режими, иако неговите членови не се согласија да се дискутира и за прашањето за употреба на поздравот „За дом спремни”.

Од друга страна, либералната, Хрватска народна партија (ХНС), во јуни, кога  се приклучи на коалициска влада на ХДЗ, соопшти дека спомен-плочата ќе биде отстранета во рок од еден месец, а тој рок истече на крајот на јули.

Во меѓувреме, Пленковиќ изјави дека Владата, по ова прашање, чека одговор од Министерството за управа.

За дом спремни Јасеновац табла
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.