Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тачи: Ахмети му е слуга на Груевски

0
By Нова ТВ on May 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова не беа избори во Германија, туку беа катастрофални избори на кои на студенти им беа одземани индекси и беа уценувани дека ако не го активираат цело семејство да гласа за ДУИ, нема никогаш да положат, потоа ослободуваа криминалци од затвор и поткупуваа гласачи, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во интервјуто за Дневник, во кое не штеди критики, па и тешки навреди и за своите политички противници од ДУИ, но и за гласачите.

– Супер што изгубивме во Тетово оти мислам дека ова повеќе нема да им овозможува на тетовци да бидат лицемерни. Тетовци имаа едно образложение зошто да не гласаат за мене и за Сади Беџети, но имаа стотина причини да не гласаат за Али Ахмети и за Теута Арифи. Арифи е внука на познатиот удбаш од Тетово, такви се и Фатмир Бесими и Ахмети. Албанците од Тетово се продадоа, некои за да ги заштитат работните места, некои за 500 денари. Брзо ќе сфатат дека не изгубила само партијата, туку и тие. Ако сакаа мене да ми се одмаздат, не го прифаќам тоа. На дел од нив им порачувам дека се предавници, поткупени души и оти немаат врска со никаков морал. Во сите општини освоивме двапати повеќе гласови, само во Тетово сме во минус 1.000 гласа. Ќе инвестирам да им биде што е можно полошо, неиздржливо. Секое утро кога ќе пијат вода, да им биде како отров. Секој ден кога ќе се видат во огледало, да си речат дека се продадени души, дека се предавници.

Но, за Тачи ни ова не е доволно, па тој продолжува со уште потешки зборови.

– Горд сум што успеав за мене да гласаат 13.700 Албанци од Тетово што се чесни. Одговарам само пред нив, другите ги сметам за ѓубре на мојата нација. Инвестирам во младите што се на наша страна.

За својата оставка, која не беше прифатена од пратијата, вели дека била само мамка за
„дволичните Албанци“ што гласале против ДПА.

– Малку да се пошегувам со нив. Апсолутно не чувствувам никаква одговорност кон тие што се продадоа, а тоа се Албанците од Тетово, кои гласаа за Ахмети без никаква причина.

За последните активности на Ахмети во однос на решавањето на проблемот со името, пак, Тачи вели дека тој сака да направи нова перцепција за себе, но не успева.

– Тој му е слуга на Никола Груевски и тоа ќе остане. Трагикомично е што сака да ги убеди Албанците дека нешто зависи од него кога станува збор за прашањето за името. Тоа е чиста лага. Ништо не зависи ни од него ни од мене кога станува збор за името. Решавањето на тоа прашање зависи од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

Во однос на изјавите на Ахмети во кои тој вели дека трпението на Албанците е при крај, Тачи повикува никој да не се плаши од овие закани.

– Бараме да бидеме во процесот на интеграција во ЕУ и во НАТО. Истовремено бараме да нѐ слушате за нашите барања, за кои сме убедени дека нѐ водат напред сите. Заканите на Ахмети дека Албанците немаат трпение се смешни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.