Според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нереално е да се очекува заживување на Договорот од Пржино бидејќи како што вели “најголемиот проблем е враќање на старата влада по една година преговори“.

– Не сакам да излезам политичар кој нема надеж за понатаму. Инсистирањето на Меѓународната заедница на емисарот од министерстото за надворешни работи на Германија да го оживее Договорот од Пржино можеби ќе биде неуспешно, рече Тачи по жсредбата со германскиот претставник Јоханес Ханјдл.

Одговарајќи зошто е песимист, лидерот на ДПА рече дека по една година преговарање, бесмислено е да се вратат истите луѓе на власт, без да прецизира за што се работи и за што се разговарало со Ханјдл.

Како што потенцираше тој, за него е неприфатлив селективниот пристап за одредени точки од Договорот од Пржино.

– Ние сакаме да се разговара за сите проблеми што се создадени и да се договориме за сите тие проблеми, а не селективно за еден проблем. Ако имате во Договорот од Пржино 10-15 точки, а некој инсистира да се договорите за осмата точка, тоа не е принципиелно. Политичкиот договор треба да биде целосен и тој политички договор треба да резултира со вистински излез од кризата. Ние немаме само проблем со изборите, имаме и други проблеми, потенцираше Тачи.

Германскиот претставник Хајндл пак, порача дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од кризата, притоа истиот бил закочен и потребна е волја од страна на лидерите, да ги стават државните интереси над се, и да се договори датум за избори, а притоа СЈО да може да работи непречено.