Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тачи в понеделник заминува за Хаг на интервју во Специјалното обвинителство за Косово

0
By Нова ТВ on July 9, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Косово Хашим Тачи информира вечерва дека идниот понеделник, на 13 јули, ќе отпатува за Хаг, каде што е повикан од тамошното Специјално обвинителство, на распит во врска со обвинението што е подигнато против него пред Специјалниот суд за Косово за злосторства во војната од 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако на 24 јуни беше објавено дека пред Специјалните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот кој треба да ги испита евентуалните злосторства на Ослободителната војска на Косово (ОВК) против цивилите Албанци, Срби, Роми и други во последната војна, Тачи вечерва преку својата страница на Фејсбук информира дека ја добил поканата за интервју и дека идниот понеделник ќе отпатува за Хаг.

– Почитувани граѓани на Република Косово. Дозволете ми да споделам со вас дека в понеделник ќе отпатувам за Хаг, на интервју на покана од Специјалното обвинителство, напиша Тачи, повикувајќи ги косовските граѓани на „единство за да се надминат предизвиците со кои се соочува земјата“.

Тој напомена дека „во последните две децении многу припадници на ОВК се соочија со меѓународната правда на УНМИК, Хашкиот трибунал за поранешна Јуославија, ЕУЛЕКС и домашната правда“, нагласувајќи дека „Косово, иако жртва (во последната војна) соработуваше со сите правни органи кои ги третираа претензиите за воените злосторства“.

– Граѓанското единство, меѓуетничкиот соживот, институционалната стабилност и вербата во институциите се неопходни за Косово да ја оствари визијата за да биде дел од НАТО, Европската унија и да го зачува вечното пријателство со Соединетите Американски Држави, порача Тачи.

Откако беше објавено дека против него, против лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и поранешен собраниски спикер Кадри Весели, како и против неколку други основачи и водачи на некогашната ОВК се покренати обвиненија за воени злосторства, Тачи најави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Решублика Косово доколку обвинението се потврди.

Тачи, Весели и другите обвинети се сомничат дека се виновни, меѓу другото, за убиството на над 100 цивили од разни националности за време и непосредно по војната во Ксоово од 1998-99 година

Косово Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.