По речиси еден час распит во СЈО, лидерот на ДПА Мендух Тачи изјави дека ова не се моменти во кои треба да се даваат изјави.
По завршувањето само кусо прокоментира:
„Кога правото зборува, политиката треба да молчи“, изјави Тачи
Во Специјалното јавно обвинителство се уште тече распитот на Силвана Бонева, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Државната изборна комисија, а се очекува во 13 часот да пристигне лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски.
И Тачи и Бонева во СЈО дојдоа без адвокати, за разлика од екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која минатата недела дојде во придружба на адвокатот Никола Додевски.