Белгиската полиција пропуштила 13 прилики, пред ноемврискиот терористички напад во Париз да ги открие сторителите, се наведува во меѓународниот извештај кој денес протече во медиумите.
Полицискиот извештај објавен во белгискиот весник Тејд покажува дека уште во февруари 2015., надлежните органи поседувале снимени телефонски разговори кои ги поврзуваат осомничените терористи со Салах Абделслам, единствениот преживеан член на џихадистичката организација која го изврши нападот во Париз во ноември 2015, пренесува АФП.
Овие инфромаци меѓутоа не биле искористени поради недостаток од истражители, се наведува во извештајот што го објави белгискиот весник.
-Шест од 13. шанси да се фатат напаѓачите се пропуштени поради недостаток на персонал, се вели во извештајот.
Белгиската полиција ги игнорирала информациите се додека шпанските власти (по нападот во Париз) не поднеле барање за повеќе информации за пстариот брат на Салах, Брахим Абделслам по неговото пребегување во Шпанија, во март 2015. Осум месеци подоцна, по извршениот нпад во Париз Брахим извршил самоубиство со активирање бомба во кафич во Париз.
Салах Абделслам е директно поврзан со неколку џихадисти вклучени во бомбашките напади на Брисел на 22.март оваа година.
Деталите од овој таен извештај и претходно се појавуваа, но белгискиот весник наведува дека денешната верзија е целосна.
Извештајот сега ќе оди во градското собрание, чија задача е да ги подобри реакциите на терористичките закани.




