Извештај на ДЗР: „Пошта“ со минус 10 милиони евра, директорите се осигурале со полиси

Акционерското друштво „Пошта“ заклучно со 31 декември во 2018 година бележи загуба во вкупен износ од 594.563.000 милиони денари или околу 10 милиони евра. Само во 2018 година, загубата изнесува 166.754.00 милиони денари. Но, и покрај тоа, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори и полиси за осигурување за периодот 01.04.2018 до 01.04.2019 година. Од осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура во изнор од 2.760.000 милиони денари која е платена од сметката на АД „Пошта“ и евидентирана како трошок на истата, се вели во Конечниот извештајот на Државниот Завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на АД „Пошта на Северна Македонија“