Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ДЗР: „Пошта“ со минус 10 милиони евра, директорите се осигурале со полиси

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2020 11:14

Акционерското друштво „Пошта“ заклучно со 31 декември во 2018 година бележи загуба во вкупен износ од 594.563.000 милиони денари или околу 10 милиони евра. Само во 2018 година, загубата изнесува 166.754.00 милиони денари, а останатиот износ од загубата е пренесен од претходни години, почнувајќи од 2012 година, се вели во Конечниот извештајот на Државниот Завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на АД „Пошта на Северна Македонија“.

„Износот на искажаната загуба укажува на фактот дека финансиската состојба на друштво е значително влошена, па поради тоа произлегува дека и трошоците од склучување на менаџерско осигурување во такви услови не би биле целисходни. Но, и покрај тоа, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори и полиси за осигурување за периодот 01.04.2018 до 01.04.2019 година. Од осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура во изнор од 2.760.000 милиони денари која е платена оде сметката на АД „Пошта“ и евидентирана како трошок на истата“, се наведува во дел од извештајот на ДЗР.

Ревизорите во извештајот го објасниле и менаџерското осигурување и дале до Надзорниот одбор и до Собранието на друштвото да ја преиспитаат Одлуката за исплати по основ на менаџерско осигурување.

„Со полисите за осигурување, при настанување на осигурените случаи, се предвидени исплати на отштета на осигурените лица. Во услови да не настанат договорените случаи на осигурени настани, платениот износ на премија за осигурување во процент од 89,5 отсто се исплатува на сметка на осигурениците, наместо на сметка на „Пошта“ која извршила плаќање на премијата за осигурување“, стои во документот на ДЗР.

Финансиските извештаи на АД „Пошта на Северна Македонија“, се потенцира во извештајот на ДЗР, се одговорност на Фаадис Реџепи, генерален директор и претседател на Управниот одбор од 01.09.2014 година до 31.08.2018 година, и на неговиот наследник Ејуп Рустеми, кој и во моментот е на функцијата.

„Одговорноста вклучува дизајнирање, имплементација и одржување на интерна контрола која што е релевантна за подготвување и објективно презентирање на финансиските извештаи кои што се ослободени од материјално погрешни прикажувања, без разлика дали се резултат на измами или грешки, избор и примена на соодветни сметководствени политики, како и правење на сметководствени проценки кои што се разумни во околностите“, пишува во извештајот на ДЗР.

Ревизијата во резимето се воздржува од давање на мислење на финансиските резултати за 2018 година, но изразува неповолно мислење за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации, рефклектирани во финансиските извештаи со релевантна законска регулатива, упатства и востановени политики. Со извештајот на 2018 година се констатира дека четири од вкупно деветте дадени препораки во Конечниот извештај на ДЗР од 2015 година се спроведени, а останатите пет сè уште спроведуваат.

АД „Пошта“ ДЗР Загуба Извештај Полиси за осигурување ревизија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.