Кошаркарско СП во Кина: Србија петта, селекторот Ѓорѓевиќ се повлече

Одлуката за кој вели дека ја донел и пред мундобаскетот ја соопшти на прес-конференцијата по триумфот над Чешка со 90:81. Седма е селекцијата на САД која денеска славеше над Полска со 87:74. Утре (недела) од 10 часот претпладне ќе играат Франција - Австралија за бронзениот медал, а од 14 часот е закажано големото финале меѓу Шпанија и Аргентина