Browsing: Али Ахмети

Покани се адресирани до Африм Гаши („Алтернатива“, до Билал Касами (Беса), до Зијадин Села (Алијанса на Албанците) и до Мендух Тачи (ДПА). Средбата, како што најавија денеска од ДУИ, е планирана во четврток (12 ч.) во хотел „Парк“ во Скопје

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат обиди за обезбедување на парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Според Заев, сите опциии се отворени, порака што ја испрати и Мицкоски

Одбележувањето на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, Илинден годинава мина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без традиционалните културно-уметнички програми и масовни народни собири. Од државниот врв, како и од политичките партии, пораки за реафирмација на вредностите на Илинден во 1903 година и од АСНОМ во 1944 година

Платформата на ДУИ се темели на пет столба – На изборите не се тркаме со повеќе од две листи; Партијата која ќе добие глас повеќе, зборува во име на Албанците во другите општини; Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратегиските линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор; Пратениците на партиите кои не победиле, не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006); Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии. Вечерва во 19 часот, Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе маршираат за демократија