Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена

0
By Нова ТВ on August 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 3, 2020 10:08
Одбележувањето на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, Илинден годинава мина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без традиционалните културно-уметнички програми и масовни народни собири. Од државниот врв, како и од политичките партии, пораки за реафирмација на вредностите на Илинден во 1903 година и од АСНОМ во 1944 година.

Главната свеченост во Скопје, по повод 2 август, се одржа на Кале од каде се обрати претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

„На денешен ден, 2 август – Илинден, е поставен најцврстиот темел во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903 година, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, се столбови на Републиката и на државноста. Борбата на сите наши илинденци никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту пак за доминација на една држава врз друга, ниту пак на еден народ врз друг“, порача премиерот Спасовски.

Тој потсети дека со Крушевскиот манифест, а потоа и со декларацијата и решенијата на АСНОМ, во борбата за слободна и праведна македонска држава, се повикани сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, на вера, на убедување и народност, водени од желба за подобар живот.

„Во остварувањето на оваа цел, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, и сите други, остваруваа и ги делеа заеднички победите кои ни ја овозможија денешна Република Северна Македонија – држава членка на НАТО, земја на пат за членство во Европската Унија, земја која меѓународната заедница ја прогласи за најуспешната приказна на Западен Балкан во последните три години“, рече Спасовски.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар на АСНОМ, се обрати претседателот на државата, Стево Пендаровски кој упати порака дека една од неговите главни политички и морални обврски е да работи на граѓанското помирување.

„Веднаш по изборот за претседател на Републиката, реков дека една од моите главни политички и морални обврски ќе биде да работам на граѓанското помирување кое нам, денес, убеден сум, ни е потребно повеќе од кога било во нашата историја како независна држава“, рече претседателот Пендаровски, кој изрази надеж и очекување дека таа негова заложба ќе биде поддржана и од новата Влада и од опозицијата и подвлече дека заедно со сите граѓани, независно од нивното етничко потекло и партиско убедување, ќе работи за остварување на оваа цел.

Главната битка, додаде тој, е да се обезбеди достоен живот за секој граѓанин во земјава.
„Да нема никој дилема, во нашата земја, сечија етничка и партиска припадноста мора да се почитува, без исклучок. Меѓутоа, партизирањето и етнизирањето на институциите го поткопува нивниот демократски капацитет и легитимитет и на краток и на долг рок. Нашата битка е да обезбедиме достоинствен живот за секој наш граѓанин во својата татковина, а не надвор од неа. За тоа да го постигнеме, мора да има правда и слобода за секого. Само тогаш ќе можеме да кажеме дека сме достојни наследници на делото на нашите предци“, порача Пендаровски.
Чествувањето на големиот државен празник 2 Август во Крушево, на Мечкин Камен, го предводеше потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски во име на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, кој поради здравствени причини не беше во можност да говори на свеченоста.
„Од минатиот 2 август до овој 2 август, мина само една година, меѓутоа, верувам дека и Вие го делите моето мислење дека, тоа е година која ќе ја запомниме по еден од најзначајните датуми за нашата земја. Имено, на 11 февруари оваа година, Собранието го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во воено политичкиот сојуз на НАТО, стратешка цел која беше поставена уште во 1993 година, веднаш по независноста на земјата, а во 1995 година да се стекнеме со кандидатски статус. Работевме напорно, сите, од сите политички провениенции, за да можеме да бидеме дел од големото семејство на НАТО сојузот, со исполнување на сите неопходни предуслови за да изградиме стабилна, безбедна, модерна и економски развиена држава“, рече Мисовски на Мечкин Камен.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и поранешен премиер во честитката до граѓаните по повод Илинден порача дека нашите славни претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, ги поведоа граѓание кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет. Илинден е, вели, и голем светилник што го покажува правецот  кон сигурна иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред.
„Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја, денеска се наша реалност. Како одговорни граѓани, продолжуваме да се водиме од ликот и делата на Илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали. Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот. Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина-Северна Македонија почитувана држава, полноправна членка на НАТО и преговарач со ЕУ“, истакна Заев во честитката.
Претседталот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, оценува дека станавме општество на лажни величини кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се трули, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме, вели, се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни.
„Тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите. Поентата е таа дека државата сериозно скршнува од патот на илинденските идеали и дека сето тоа е со намера за да народот биде во апатија и мисли дека сите сме исти. А не сме. Вистински не сме, затоа што тие што се исти последниве недели ги видовме на купче собрани. А денес оние кои се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО“, рече меѓу другото претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во обраќањето по повод Илинден во Ташмаруништа Струшко.
За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Крушевскиот манифест од 1903 година е обединувачка дефиниција за заедничка држава, исто колку и Охридскиот договор од 2001 година.
„Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја“, напиша Ахмети на Фејсбук.
Во рамки на церемонијата на свеченото одбележување на државниот празник 2 август, на спомен обележјата во сите три града, покрај официјалните делегации на претседателот на државата, на Собранието, на Владата, на Армијата и на Сојузот на борците, венци положија и претставниците на дипломатскиот кор, на политичките партии и на други општествено-политички организации.
Али Ахмети Горан Мисовски Зоран Заев Илинден одбележување Оливер Спасовски Протоколи Стево Пендаровски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.