Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски: Изборниот резултат пак ќе ги зближи Заев и Ахмети

0
By Нова ТВ on July 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 16, 2020 10:38

Според последната симулација на Државната Изборна Комисија (ДИК) за распоредот на освоените пратенички мандати, СДСМ има 46 пратеника, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица – 2 и ДПА – 1 пратеник. Овој распоред не се совпаѓа со пресметката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој прогласи „убедлива и стабилна победа, со над три мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ”, а како што рече „и со можност за еден или два уште повеќе“. Но, симулацијата ги надмина и прогнозите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој синоќа објави победа со 12 мандати.

„Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и натаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас. Ние обезбедивме над 100.000 гласови, 12 мандати, а се очекува уште еден, 13. Благодарен сум што имав можност да ја соопштам оваа најдобра вест за Албанците и за апсолутна победа“, рече синоќа Ахмети.

Донтовата „пресуда“

Во првата симулација на ДИК по пребројани резултати од 95 отсто од гласачките места, ДУИ имаше 16 пратеници, но по пребројаните 99 отсто гласовите таа остана со еден пратенички мандат помалку (15), а „Левица“ од еден доби два. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, синоќа рече дека треба да се почекаат комплетните резултати, потенцирајќи дека Донтовиот модел ја прави трката сè уште доста неизвесна. Поради тесните резултати и аналитичарите синоќа не беа во можност да ја проектираат распределбата на мандати по изборни единици.

На оваа тема од денеска ќе се кршат копјата, а во контекст на составувањето мнозинство за нова влада, трка, во која, според Јанушев, влегува и ВМРО-ДПМНЕ. Во партиските штабови внимателно се анализираат изборните резултати кои вчера со тешкотии стигнуваа до јавноста, поради тоа што беше хакиран сајтот на ДИК.

Старо-нова коалиција?

Јасно е кој е победникот, вели поранешниот премиер Владо Бучковски.

„Бевме сведоци на мртва трка, во која, во фото-финиш победи СДСМ и коалицијата „Можеме“. Ценам дека Заев како иден мандатар ќе направи повторно коалиција со ДУИ и со ДПА. Не очекувам уцени од ДУИ, Насер Зибери да биде идниот премиер. Објективно, Заев и Ахмети во кампањата се оддалечија еден од друг, но изборниот резултат повторно ќе ги зближи. Дамка на вчерашните фер и демократски избори фрли Мицкоски, со тоа што за првпат во нашата 30 годишна историја на повеќепартиски избори, не даде изјава како лидер на опозицијата по објавувањето на првичните резултати од ДИК и не го призна поразот. Ова ме наведува на заклучок дека денес ќе има изјава во која ќе ги спори изборните резултати и ќе бара прегласување на повеќе десетици избирачки места“, вели Бучковски.

Тој смета дека овие избори под маски, во време на пандемија, поради начинот на кој беа спроведени, ќе придонесат за зголемување на кредибилитетот на нашата држава во пресрет на отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ.

Изборната победа вчера најгласно се прослави меѓу поддржувачите на ДУИ кои славеа со зурли, тапани и ора во Тетово, Сарај, Чаир, итн.

Од Коалицијата „Сега е време“ предводена од Алијанса за Албанците и Алтернатива, каде очекуваа убедлива победа, најавија приговори за гласањето во Сарај, каде според нив, се полнеле кутии.

Али Ахмети Владо Бучковски ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Зоран Заев Избори 2020 Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.