Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Арсенал
„Модрите“ на „Максимир“ ја совладаа Бенфика со 1:0 со голот на Бруно Петковиќ од пенал во 38. минута, Рен, пак, ги совлада „топчиите“ со 3:1 во првите осминафинални дуели. Реваншите се закажани на 14 март
„Црвените ѓаволи“ подобри од Арсенал на „Емирати“ со 3:1 што е нивна осма победа во низа под водство на Норвежанецот во сите натпреварувања
Иван Газидис е нов извршен директор на Милан. Според медиумите во Италија, договорот за соработка меѓу двете страни е со…
Германскиот репрезентативец се согласи за продолжување на престојот во Лондон до 2021 година и со неделна заработувачка од 350.000 фунти ќе биде најплатен играч во историјата на 13 кратниот англиски фудбалски шампион
Францускиот менаџер на „топчиите“, како што пренесуваат медиумите од Островот, го одврза ќесето и на напаѓачот од Габон му понуди 180.000 фунти неделна плата за договор со важност до јуни во 2021 година. Плус, се разбира, 55,4 милиони како отштета за „милионерите“ од Дортмунд
Францускиот менаџер, според извори што важат за добро информирани, сака што поскоро да го комплетира трансферот на Габонецот кој меѓу „топчиите“ би пристигнал како замена за Алексис Санчез иако Кина се споменуваше како можна наредна дестинација во кариерата на напаѓаќот на Борусија Дортмунд
Со двата гола на францускиот напаѓач, „топчиите“ ја совладаа екипата на ВБА со 2:0 и се вратија во чекор со водечките на табелата. Ветеранот кај гостите од Бирмингам, пак, го одигра 633 меч што го прави фудбалер со најмногу настапи во елитната англиска конкуренција
Во отсуство на голови, епитетот „играч на дербито“, во негативен контекст, го понесе Давид Луиз. Бразилецот во вториот дел собра два жолти картона од судијата Мајкл Оливер
Лондонските „сини“ го поразија Лестер на неговиот „Кинг Пауер“ стадион со 2:1, „топчиите“ на Венгер убедливи против Борнмут со 3:0, резултат со кој и Тотенхем го совлада Евертон на „Гудисон парк“. Манчестер сити, пак, го потопи Ливерпул на „Етихад“ со 5:0
Трансферот на досегашниот играч на Арсенал го потврдија и на „Енфилд“ без притоа да наведат финансиски детаљи од договорот освен дека е потпишан за неколку сезони. Медиумите во Велика Британија шпекулираат дека услугите на англискиот репрезентативец ќе ги чини „црвените“ околу 35 милиони фунти
Голот на поранешниот член на ПСЖ и на Реал Мадрид во 47 минута беше доволен за конечен триумф на екипата на Марк Хјуз, но и како казна за Арсен Венгер кој продолжи со експерименти во составот. Прва радост и за Ливерпул во новата сезона по минималните 1:0 против Кристал палас на „Енфилд“
„Топчиите“ на крајот славеа со 4:3 во меч во кој поведоа, па двапати заостануваа за еден гол (1:2, 2:3) за бодовите, сепак, да останат на „Емирати“ благодарение на играчите од клупата на Арсен Венгер