Манчестер јунајтед го совлада Арсенал со 3:1 во дербито на четвртата рунда во англискиот ФА куп, најстарото фудбалско натпреварување во светот. Алексис Санчез во 31. минута, Џеси Лингард во 33. минута и Антони Марсијал во 82. минута беа стрелци во триумфот на „црвените ѓаволи“ за осминафинале. Единствениот за „топчиите“ на теренот на „Емирати“ беше дело на Пјер Емерик Обамејанг во 43. минута.

Оле Гунар Солскјер на тој начин ја продолжи низата на мечеви без пораз во дебитантската сезона на клупата на Манчестер јунајтед. Победата над Арсенал беше негова осма едноподруго како менаџер на премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

ФА куп, 4 коло

Арсенал – Манчестер јунајтед 1:3

Бристол сити – Болтон 2:1

Сабота

Акрингтон – Дерби

Свонси – Гилингам

Шрусбери – Вулверхемптон

Брајтон – ВБА

Донкастер – Олдам

Мидлсборо – Њупорт

Манчестер сити – Барнли

Портсмут – КПР

Њукасл – Вотфорд

Милвол – Евертон

Вимблдон – Вест Хем

Недела

Кристал палас – Тотенхем

Челзи – Шефилд венздеј

Понеделник

Барнет – Брентфорд