Фудбал, ЛШ: Базел го шокира Манчестер Ј., дебакл на Селтик во Париз

Со голот на Михаел Ланг во 90 минута, швајцарскиот состав, на својот „Сент Јакоб Парк“, го шокира Манчестер јунајтед, потсети на сезоната 2011/12 во која, исто така, славеше над „црвените ѓаволи“ со 2:1 и остана на второто место во групата А кое води во нокаут фазата. „Светците“ го декласираа шкотскиот состав со 7:1, а Атлетико во Мадрид триумфира над Рома со 2:0. Јувентус и Барселона во дербито на вечерта во Торино одиграа без голови

АТП тенис: Федерер до осма титула во Базел

Швајцарецот во финалето славеше над Хуан Мартин дел Потро со 6:7, 6:4, 6:3 за 95 титула во кариерата и избивање на второто место на вечната листа во опен ерата. Пред него е само легендарниот Џими Конорс со 109 турнирски победи