Browsing: Бесарт Ибраими

Македонскиот првак го декласира ТНС со 5:0 во првиот натпревар правејќи го чиста формалност реваншот на 17 јули на „Парк Хол“ во Освестри. Повремениот репрезентативец се запиша во листата на стрелци во 38. минута, во 53. минута, во 61. минута и во 66. минута, петтиот за тетовци, прв на средбата, беше дело на Изаир Емини во 14. минута

Вицепрвакот од ланската сезона и актуелен лидер во тековната го совлада градскиот ривал со 6:1 и со овие три бода, многу веројатно, ќе презими на првото место на табелата во домашниот фудбалски шампионат. По двапати погодија Ибраими и Хасани, по еднаш Жуниор и Шефити, полесниот за номиналните домаќини беше дело на Мишковски

„Црвено-црните“ го совладаа финскиот претставник со 3:1 во првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа за голем исчекор кон наредната рунда во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Македонскиот репрезентативец постигна два гола од белата точка и еден од игра за комплетирање на пресвртот во Струмица