Browsing: Билјана Ивановска

Оној кој се стекнува со имот, не секогаш го запишува на свое име. Од новите пратеници ќе бараме да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во интервју за „Слободен печат“

Директорката на Државната Комисија за спречување на корупција во интервју за МИА порачува дека е потребна повисока свест за прекин на опасната спирала на корупција, а доколку се најдат во таква немила состојба, граѓаните да не бидат неми набљудувачи на коруптивно однесување мислејќи дека тоа не ги допира

Според правилата на Советот на Европа и Венецијанската комисија, членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата во која работат, туку делуваат исклучиво во свое име, а согласно правилата за спречување судир на интереси, не учествуваат во расправата и одлучувањето за прашања кои се однесуваат на државата од која се номинирани, истакна претседателката на Државната Комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска

Во тој контекст, претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) наведе две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, се добиваат многу брзи одговори што според неа упатува на различни нарачки