Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска: Законот не ослободува од одговорност злоупотреба на позиција во вонредна состојба

0
By Нова ТВ on April 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 20, 2020 11:15

Моќта на службените лица во вонредна состојба се зголемува, а поради тоа се зголемуваат и ризиците од намерни грешки. Но, Кривичниот законик во ниту еден случај, ниту во услови на вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата и не работеле во согласност со прописите, вели во интервју за МИА директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.

Нагласува дека не треба да се чудиме на катастрофалните пораки што ни ги испраќа природата, оти природните закони не трпат амандмани и повикува граѓаните да се вклучат во борбата против корупција бидејќи последиците ги допира сите и тоа во разни форми.

Порачува дека е потребна повисока свест за прекин на опасната спирала на корупција, а доколку се најдат во таква немила состојба, граѓаните да не бидат неми набљудувачи на коруптивно однесување мислејќи дека тоа не ги допира.

ДКСК минатата недела излезе со став дека во услови на криза постојат зголемени ризици од корупција. На што конкретно мислевте?

„Имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа нашата држава поради светската пандемија и борбата за справување со корона вирусот SARS-CoV-2, Државната комисија за спречување корупција, заедно со Платформата на граѓански здруженија за борба против корупција, процени дека се зголемени ризиците од случајни или намерни грешки во вршењето на службената должност на одговорни лица во државните органи, особено во процесите на итни јавни набавки и користење на донациите. Од тие причини се преземаат активности за следење на содржината на процесите, транспарентноста и отчетноста на одговорните лица како и следење на реализацијата на уредбите со сила на закон и мерките што Владата и институциите ги носат во овие вонредни услови. Особено на оние кои вклучуваат трошење на буџетски средства и користење на донациите, a во насока на заштита на здравјето на граѓаните и економската состојба на земјава“.

Какви антикорупциски механизми е неопходно институциите да внесат во постапките по уредбите со законска сила, како при јавни набавки, диструбуција на државна помош и слично?

„Во реализација на постапките по уредбите особено е важно тие да бидат, пред сè, целосно транспарентни и да бидат дизајнирани на начин што ќе овозможи почитување на начелата на еднаквост и јавност, односно фер учество на заинтересираните економски оператори, а службените лица да ги почитуваат начелата на интегритет, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности. И се разбира мора да се воспостават механизми за контрола и отчетност“.

Дали во вонредна состојба моќта на службените лица е зголемена или намалена?

„Се зголемува, а поради тоа се зголемуваат и ризиците од намерни грешки“.

Како може да се следи реализацијата на уредбите со законска сила и мерките кои се носат во вонредни услови? – Како навремено да се препознае можна корупција или злоупотреба на овластувањата?

„Се следат Уредбите со законска сила, особено оние по кои следи Упатство или Правилник за нивно спроведување. Понатаму се врши проценка на ризиците во смисла да се утврди можноста за двосмислено толкување, спротивно на идејата и целта што се сакало да се постигне, како и дали е предвидено разграничување на должностите и одговорностите со цел да се намали ризикот од концентрирана моќ. На крајот, со тестови на усогласеност се утврдува како функционира тоа што е предвидено во уредбите, упатствата и правилниците“.

Што и доколку се покаже корупција или злоупотреба на овластувањата од институциите, колку и што реално може да се направи во вонредна состојба?

„Кривичниот законик во ниту еден случај, ниту во услови на вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата и не работеле во согласност со прописите“.

Најавивте соработка со Платформата на граѓански организации за борба против корупција во услови на пандемија на Ковид 19 и вонредна состојба. Какви заеднички акции планирате?

„ДКСК секогаш имала соработка со Платформата. По изборот на оваа Комисија, која во своето работење особено ги почитува начелата на јавност, транспарентност и отчетност, соработката  со Платформата е во насока на градење на заеднички фронт за борба против општественото зло – корупцијата. Во овој период одржуваме видео состаноци и се договараме за активностите со цел рационално да ги насочиме ресурсите“

Како граѓаните да се вклучат во борбата против корупцијата во вонредна состојба?

„Граѓаните секогаш може да се вклучат во борбата против корупција. Потребна е само повисока свест да се прекине опасната спирала на корупција, доколку се најдат во таква немила состојба, но и да не бидат неми набљудувачи на коруптивно однесување, мислејќи дека тоа не ги допира. На сите треба да ни е јасно дека последиците од корупцијата ги допира сите и тоа во разни форми. Да не се чудиме на катастрофалните пораки што ни ги испраќа природата, која сè повеќе се уништува поради нејзиното безмилосно искористување што вклучува и корупција, оти природните закони не трпат амандмани“

Советот за унапредување и надзор на ревизијата побара од Владата да се одложи законскиот рок за спроведување на ревизии до 30 септември оваа година поради пандемијата со корона вирусот. Како тоа ќе влијае на финансиското работење на институциите?

„Тоа е барање од Советот до Владата, со цел да се избегнат ризиците од ширење на вирусот поради начинот и обврската на ревизорите да работат на терен кај субјектот предмет на ревизија и да направат увид и на лице место. Ова не треба да има влијание врз финансиското работење на компаниите. Ревизијата се прави на финансиски извештај за претходна година, а тоа што се случува сега ќе биде опфатено во финансиските извештаи за оваа година што ќе се ревидираат следната година. Со други зборови, не е толку важно времето кога ќе се врши ревизијата бидејќи тоа не ја намалува одговорноста на субјектот. Но, во секое лошо секогаш има и нешто добро и корисно. Работењето на далечина и електронската поврзаност се основните позитивни пораки кои можеме да ги извлечеме од оваа несакана состојба. Во однос на ревизијата тоа би значело работење со софтверски ревизорски програми поврзани со базата на податоци на субјектот и секако користење скенирани документи“.

Билјана Ивановска вонредна состојба ДКСК злоупотреба интервју Кривичен законик одговорност Позиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.