Предупредување од ЕУ: Терористи може да користат дронови во смртоносни цели

На ова упатува Џулијан Кинг, европски комесар за безбедност, кој во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“ нагласи дека беспилотните летала би можеле да се употребуваат за напади врз европските градови и нивните жители. Дроновите се користат за воени потреби од 60-тите години на минатиот век и имаа клучна улога во конфликтите од почетокот на Заливската војна во 1991 година