Фудбалска ЛШ: Баерн М. на рутина, „експлозија“ на Динамо З., Реал М. „разнесен“ во Париз

Баварците со 3:0 ја совладаа Црвена звезда, „модрите“ на „Максимир“ ја декласираа Аталанта со 4:0 додека францускиот гигант ги понижи „кралевите“ со 3:0 на „Паркот на принцевите“

Ждрепка за групите во ЛШ: Динамо З. со Манчестер С., Ц. Звезда со Баерн М. и Тотенхем

Ривали на „модрите“ во групата Ц, покрај „граѓаните“, ќе бидат и екипите на Шахтјор Доњецк и дебитантот Аталанта, а белграѓани во групата Б, освен со Баварците, ќе се пресметаат и со Тотенхем и со Олимпијакос. Епитетот „група на смртта“ го доби Ф конкуренцијата што ги обеднини Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага