Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ждрепка за групите во ЛШ: Динамо З. со Манчестер С., Ц. Звезда со Баерн М. и Тотенхем

0
By Нова ТВ on August 29, 2019 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 29, 2019 19:30

Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампиони на УЕФА за сезоната 2019/20 ги раздели Црвена звезда и Динамо Загреб. Српскиот првак наесен ќе игра во групата Б со Баерн Минхен, со Тотенхем и со Олимпијакос, а хрватскиот претставник во чии редови е Аријан Адеми заврши во групата Ц со Манчестер сити, со Шахтјор Доњецк и со Аталанта.

Македонскиот фудбал ќе има свој репрезент и во Наполи (Елиф Елмас) кој е дел од групата Е со бранителот на титулата Ливерпул, со Салцбург и со Генк. Епитетот „група на смртта“ го доби Ф конкуренцијата што ги обеднини Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага.

Гостите на ждрепката во Монако беа Холанѓанецот Весли Снајдер и чешкиот голман Петр Чех. Освен извлекувањето на групите за претстојната сезона, УЕФА ги награди и најдобрите фудбалери за минатата на церемонијата што еден до друг ја следеа Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Но, најпрво беше одликуван Ерик Кантона со т.н. „Претседателска награда“, а по него со статуетки од сцената заминаа и Алисон Бекер (за најдобар голман), Вирџил ван Дајк (за најдобар дефанзивец), Френки де Јонг (за најдобар играч во средниот ред) и Лионел Меси (за најдобар напаѓач).

Лига на шампиони – сезона 2019/20

Група А: ПСЖ (Франција), Реал Мадрид (Шпанија), Бриж (Белгија), Галатасарај (Турција)

Група Б: Баерн Минхен (Германија), Тотенхем (Англија), Олимпијакос (Грција), Црвена звезда (Србија)

Група Ц: Манчестер сити (Англија), Шахтјор Доњецк (Украина), Динамо Загреб (Хрватска), Аталанта (Италија)

Група Д: Јувентус (Италија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Баер Леверкузен (Германија), Локомотив Москва (Русија)

Група Е: Ливерпул (Англија), Наполи (Италија), Салцбург (Австрија), Генк (Белгија)

Група Ф: Барселона (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија), Интер (Италија), Славија Прага (Чешка)

Група Г: Зенит Санкт Петербург (Русија), Бенфика (Португалија), Олимпик Лион (Франција), Лајпциг (Германија)

Група Х: Челзи (Англија), Ајакс (Холандија), Валенсија (Шпанија), Лил (Франција)

Групи Динамо З. Ждрепка Лига на шампиони фудбал Ц. Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.