Browsing: Динамо Загреб

Со двата гола на чешкиот фудбалер, екипата на Викторија ги совлада „модрите“ со Аријан Адеми со 2:1 во првиот шеснаесетфинален меч во ЛЕ, тимот од Лисабон, пак, загуби на домашен терен од Вилјареал со 0:1. Реваншите се закажани за 21 февруари

„Модрите“ ја забележаа и третата победа во третиот меч во групната фаза во Лига Европа, овојпат над Спартак во Трнава со 2:1, и за првпат по 1970 година ќе презимат во УЕФА натпреварување. Триумф на гости славеше и Бобан Николов со Види МОЛ над ПАОК (2:0). АЕК Ларнака на Иван Тричковски и Фенербахче со Елмас ремизираа со Лудогорец, односнно, Андерлехт додека Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски загуби од Арсенал со 0:1 

„Модртите“ загубија на „Максимир“ од Јанг Бојс со 1:2, унгарскиот состав ремизира во реваншот со АЕК (1:1), но поради триумфот со 2:1 во првата средба, грчкиот претставник ќе биде дел од европската клупска елита во сезоната 2018/19

Српскиот првак одигра 1:1 во Белград против словачки Спартак, па патникот во плеј-офот ќе биде познат по реваншот во Трнава наредната недела. Хрватскиот претставник, пак, славеше во Казахстан против Астана со 2:0 за формален реванш на „Максимир“

Судот за спортска арбитража во Лозана, конечно, се произнесе по случајот со Аријан Адеми. Суспензијата е преполовена, па 25 годишниот дефанзивен играч за врска и репрезентативец на Македонија се враќа на фудбалските терени во октомври оваа година