Browsing: долг

Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со „Полиестердеј“ за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал (маички, капчиња, запалки, пенкала, итн.) во врдност од 34.362.612 милиони денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 милиони денари и останале должни 22.852.816 денари. Согласно договорот, средствата требало да бидат исплатени во рок од 60 дена по испорака на материјалот, што значи дека исплатата требало да заврши до јули оваа година. За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, „Полиестердеј“ врши нарачка од шпанска компанија „Горфактори“ и од македонската „Монт“ која е фирма ќерка на „Орка Холдинг“

Акцент на економските реформи и стабилизирање на јавните финансии. Ова се препораките на Светската банка за Северна Македонија за забрзување на процесот за интегрирање во Европската Унија (ЕУ), откако е решен деценискиот спор за името со Грција