Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЈП: ВМРО-ДПМНЕ со долг од 22,8 милиона денари кон „Полиестердеј“, а „Полиестердеј“ кон „Монт“ 17 милиони

0
By Нова ТВ on December 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 11, 2019 14:33

ВМРО-ДПМНЕ останала должна 22 милиона денари на компанијата „Полиестердеј“ за рекламен материјал за кампањата за избор на претседател, покажала контролата на Управата за јавни приходи (УЈП) спроведена на споменатата фирма во септември и во октомври оваа година. Контролата е спроведена по проверката на „Полиестердеј“ за 2017 година и за 2018 година пришто се констатирале одредени пропусти за данок на добивка по што се преминало кон проверка на 2019 година.

Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со „Полиестердеј“ за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал (маички, капчиња, запалки, пенкала, итн.) во врдност од 34.362.612 милиони денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 милиони денари и останале должни 22.852.816 денари.

 

 

Од Управата појаснуваат дека овие средства „Полиестердеј“, согласно потпишаниот договор, може да ги наплати спогодебено или во постапка преку надлежен суд бидејќи сметката за плаќање за време на изборите, според Изборниот законик, се затвора во рок од 90 дена по завршување на изборите. Според законот, партијата отвора наменска сметка за изборите.

Согласно договорот, средствата требало да бидат исплатени во рок од 60 дена по испорака на материјалот, што значи дека исплатата требало да заврши до јули оваа година. За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, „Полиестердеј“ врши нарачка од шпанска компанија „Горфактори“ и од македонската „Монт“ која е фирма ќерка на „Орка Холдинг“.

Податоците споделени од УЈП покажуваат дека „Полиестердеј“ во целост ја исплаќа нарачката кон шпанската фирма, а останува должна кон „Монт“ во износ од 17 милиони денари, односно, платиле само три милиони денари.

УЈП за случајот ги известиле МВР, Државниот завод за ревизија и Антикорупциска комисија каде е предаден и целиот материјал.

Нова ТВ ја отвори темата за затворената сметка на ВМРО-ДПМНЕ со долг од 400.000 евра за последните претседателски избори врз основа на неплатени фактури кон фирми чии услуги ги користела партијата за време на кампањата. Извештајот во име на опозициската партија го потпишал генералниот секретар Игор Јанушев кој смета дека со неплатените фактури преку изборната сметка партијата не направила никаков прекршок.

„Не постои законска пречка, односно, законот не го забранува тоа и не постои обврска дека извештаите мора да се на нула и при склучувањето на договорот помеѓу кандидатката (Гордана Силјановска Давкова н.з.) и ВМРО ДПМНЕ беше предвидено доколку дојде до непокривање на некои обврски нив ќе ги преземе партијата“ – одговори Јанушев.

Во графичкиот приказ на сите приливи и одливи од наменската сметка на ВМРО ДПМНЕ за претседателските избори се заклучува дека поголем дел од долгот или околу 350.000 евра е кон печатницата „Полиестердеј“ додека остатокот е кон „ОК Медиа“, фирма во чија позадина е, исто така, Орце Камчев, а се занимава со издавање рекламен простор на билборди и паноа.

Фото: tocka.com.mk

Истражувањето на Нова ТВ доведе до податоци дека печатницата имала обврска да испечати и испорача 270.000 маици во црвена, во жолта и во бела боја, наменети за изборите. Со оглед дека печатницата за кратко време не можела да ја набави потребната количина, морала да купи 100.000 маици од „Монт“, можеби единствената фирма која имала толкава залиха. Така, уште една фирма на Камчев влегува во рекламната шема на ВМРО ДПМНЕ покрај „ОК Медиа“.

 

СДСМ, преку портпаролот Костадин Костадинов, ги повика надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, упати повик до ревизорите да извршат скенирање на наменската трансакциска сметка на партијата што била отворена за кампањата на претседателските избори и целиот случај го нарече конструкција.

ВМРО ДПМНЕ долг кампања сметка УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.