Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проекции на Светска банка за Северна Македонија: Раст на економијата, но и на инфлацијата

0
By Нова ТВ on April 6, 2019 ВЕСТИ
Фото: cnbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 6, 2019 10:47

Акцент на економските реформи и стабилизирање на јавните финансии. Ова се препораките на Светската банка за Северна Македонија за забрзување на процесот за интегрирање во Европската Унија (ЕУ), откако е решен деценискиот спор за името со Грција.

Економскиот раст од 0,2 отсто во 2017 година се зголеми на 2,7 отсто лани што се должи на потрошувачката и нето-извозот, додека инвестициите почнаа да се обновуваат, објави банката и додава дека невработеноста паднала на историско ниво додека притисокот за зголемување на платите продолжува.

За оваа година се предвидува дополнителен нагорен тренд на растот на 2,9 отсто, а во 2020 година се очекува да достигне 3,2 отсто како резултат на градежни активности што ќе се очекуваат од инвестициите и од производствениот сектор, вели Светска банка и додава дека се планира зголемување на личната потрошувачка поддржана од повисоки плати, вработување и зголемување на кредитирањето на домаќинствата.

Се очекува дека сиромаштијата ќе бележи да паѓа од 4,8 отсто во 2018 година на 4,5 отсто во 2019 година според трендот утврден во 2009 година. Лани јавниот долг се зголемил на 48,4 отсто во однос на 47,7 отсто во претходната година. Според проекциите за оваа година се очекува да достигне 53,4 отсто и да оди до 54,4 отсто во 2020 година.

„Зајакнувањето на ефикасноста на јавната потрошувачка и проширувањето на даночната основа ќе помогне да се стабилизира јавниот долг и да се обноват фискалните резерви за идни шокови”, рече Светската банка.

Невработеноста во земјата е падната на историски минимум на 20,7 отсто во 2018 година, во споредба со 22,7 отсто во 2017 година што во најголем дел е последица на дел од новите работни места во производството, трговијата на големо и на мало и индустриите што се тесно поврзани со туризмот.

Инфлацијата во Северна Македонија остана со умерени 1,5 отсто во 2018 година меѓутоа се очекува да се искачи на 1,8 отсто оваа година, односно, 1,9 отсто во 2020 година.

Според Светската банка, пониските изгледи за раст во Европа би можеле да влијаат на извозот и на тој начин и на економскиот раст во Северна Македонија. Зголемувањето на севкупните нивоа на продуктивност во економијата останува еден од најважните предизвици за локалните фирми да можат да се натпреваруваат глобално и да ги одржуваат зголемувањето на платите.

долг Извештај инфлација невработеност раст Светска банка Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.