Ковачки е новиот обид на ВМРО ДПМНЕ за милитаризација на МВР

Ова во ВМРО ДПМНЕ сигурно го знаеле, но ризикувале. Зошто Мицковски не предложил кандидат кој ги исполнува условите за министер, во случајов технички за МВР? - Дали Ковачки се користи како јадица, за понатаму да улови друг кандидат, во случај СДСМ да го одбие предлогот, што би било очекувано. Ако СДСМ не го прифати Ковачки, а има добра уставна причина за тоа, тогаш ќе му се отвори простор на ВМРО ДПМНЕ да предложи друго име, за кое СДСМ ќе нема многу време и причини да го оспорува затоа што ќе биде неопходно да се формира Пржинската влада, а при тоа Мицковски да предложи посигурен партиски член од неговото блиско опкружување

ВМРО ДПМНЕ го предложи, ДУИ го прифати, Заев ќе проверува: Драган Ковачки за технички министер во МВР

Ковачки доаѓа од АРМ, има чин полковник, како професионалец учествувал во неколку мисии на НАТО и одликуван е со државни ордени за заслуги. Но, неговото назначување би можело да биде оневозможено според член 97 од Уставот кој вели - „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“