Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ го предложи, ДУИ го прифати, Заев ќе проверува: Драган Ковачки за технички министер во МВР

0
By Нова ТВ on December 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 28, 2019 19:00

Драган Ковачки е предлог на ВМРО ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката Влада на чие чело ќе биде Оливер Спасовски. Го посочил лидерот на опозициската партија на средбата со Али Ахмети попладнево во Собранието и бил прифатен од првиот човек на интегративците.

По предлогот на Ковачки се очекува конечно изјаснување и од премиерот во заминување, Зоран Заев со кого Мицкоски имаше средба во Владата. Дефинитивен одговор попладнево изостана со образложение дека има време до 3 јануари и дотогаш треба да се провери дали Ковачки може да биде технички министер за внатрешни работи, иако Заев го оцени како спорен и ја повика стручната јавност да се произнесе.

„Има доволно време за одлука до 3 јануари. Не сакам да се предизвикаат реакции во јавноста дека сме постапиле противуставно. Првпат слушам за Драган Ковачки, па затоа и апел до стручната јавност да го провери военото лице од одбраната. Да не се доведеме во ситуација да биде противуставно неговото именување, па и Собранието да донесе непријатна одлука“, рече Заев по средбата со Мицкоски.

Меѓу средбата на Мицкоски со Ахмети со Собранието и со Заев во Владата, на својот Фејсбук налог се огласи и министерката за правда, Рената Дескоска Треноска.

„Покрај толку советници од правен, да пуштиш противуставен предлог?!“, напиша Дескоска на социјалната мрежа.

Дескоска го илустрира постот го илустрира со член 97 од Уставот кој вели – „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

Ако Ковачки биде прифатлив и за Заев, тоа ќе биде негов прв политички ангажман во кариерата што досега ја градеше како воено лице во АРМ. Поседува чин полковник, како професионалец учествувал во повеќе мисии на НАТО и одликуван е со државни ордени за заслуги.

Тема на средбата меѓу Заев и Мицкоски бил и изборниот модел. Двајцата лидери разговарале за можните варијанти да се изгласа законското решение што ќе важи за наредните избори. Ставот на опозицијата, пак, е прашањето да се остави по изборите, додека Заев сака да го разгледа и со помалите политички партии и додаде дека за истото ќе разговара во наредниот период.

ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки ДУИ МВР предлог СДСМ Технички минбистер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.