УЕФА пресуди: Кардиф ќе мора да плати шест милиони евра на Нант за трансферот на Сала

Емилијано Сала го загуби животот во авионската несреќа на 21 јануари, на пат од Нант кон Кардиф каде требаше да се приклучи на истоимениот клуб од Велс. Неговиот трансфер од францускиот прволигаш изнесуваше 15 милиони евра, а сега со одлуката на ФИФА, Велшаните ќе мора да ја платат првата рата од околу шест милиони евра

Нови детаљи за смртта на Емилијано Сала: Високо ниво на јаглерод моноксид во крвта

Од британскиот Сектор за истраги на воздушни несреќи е наведено дека во крвта на фудбалерот се откриени високи концентрации на COHb (комбинација на јаглерод моноксид и хемоглобин), јавува агенцијата „Анадолија“. Поголемо ниво од 50 отсто на јаглерод моноксид во организмот се смета за опасно по здравјето на поединецот и може да доведе до напади, губење на свест и срцев удар

Нови детали за смртта на Сала: Авионот за минута загубил 2.000 метри и паѓал со 144 км./ч.

Досегашните податоци од истрагата укажуваат и на големи оштетувања на малиот авион што пукнал на три дела кои останале поврзани само со кабли. Моторот на леталото е лоцран надвор од трупот, а недостасуваат и делови од крилата и од опашката. Авионот, се вели понатаму во извештајот, пред падот не се движел праволиниски туку неколку пати „пропаѓал“

Фудбалскиот свет во солзи: Клубовите и играчите со проштални пораки за Сала

Безживотното тело на Аргентинецот беше извадено и идентификувано по падот на авионот „пајпер“ во Ла Манш. Потврда на наодите од обдукцијата стигна и од британската полиција по што последен поздрав упати и Кардиф, клуб во кој младиот напаѓач направи трансфер од Нант за 17 милиони евра

„Би-Би-Си“: Видливо е тело во средина на авионот со кој леташе Сала

Леталото од типот „пајпер“, што исчезна од радарите на 21 јануари, е лоцирано на дно на морето, пренесува британскиот ТВ сервис. Приватната агенција (ААИБ) што беше ангажирана од семејството на аргентинскиот напаѓач ја извести јавноста дека нема да презема натамошни чекори

Потрага по Емилијано Сала: Најдени делови од исчезнатиот „пајпер“

Англиските медиуми пишуваат за пронајдени перничиња на авионски седишта на плажа во близина на Суртенвил на полуостровот Котентин за кои се верува дека му припаѓаат на леталото со кое младиот аргентински фудбалер во понеделникот тргна на пат од Нант кон Кардиф, но набрзо по полетувањето се загуби на радарите