Browsing: Фајналфор

„Црвено-црните“ по вторпат ги „исчистија“ Каталонците во полуфиналните пресметки во Келн. По триумфот во 2017 година со 26:25, вардарци попладнево повторно го елиминираа шпанскиот гигант со 29:27 и ќе играат против Веспрем во утрешното финале за титула во Лигата на шампиони (18 ч.)

Унгарскиот состав, чиј член е Дејан Манасков, во полуфиналето го совлада Кјелце со 33:30 (полувреме 13:13). Македонскиот репрезентативец остана без минутажа во дуелот за финале што се надеваме дека нема да биде така и во утрешниот меч за титула во „Ланксес арена“. Од 18 часот во „Ланксес арена“ ќе играат Вардар и Барселона во второто полуфинале

Унгарскиот состав во финалето на Фајналфор турнирот во Будимпешта го совлада Ростов со 25:24. За МВП е прогласена норвешка голманка Карин Гримсбо. Бронзениот медал го освои дебитантот на турнирот, Вајперс Кристијансанд чии ракометарки во малото финале го совладаа Мец со 31:30

Во полуфиналните дуели, рускиот претставник го совлада Мец со 27:25 (полувреме: 15:8), а бранителот на титулата беше подобар од норвешки Вајперс Кристијансанд со 31:22 (полувреме: 18:8). Големото финала е утре попладне (18 ч.), од 15.15 ч. ќе се одигра и мечот за бронзен медал

„Црвено-црните“ излегоа како севкупни победници во четврт-финалниот двомеч со ПИК Сегед и покрај триумфот на Унгарците на домашен терен со 29:25 (полувреме: 17:9). Залихата што вардарци ја складираа во првиот меч во Скопје, сепак, беше недостижна за составот на Хуан Карлос Пастор во реваншот

„Црвено-црните“ дофатија ново финале во регионалното ракометно натпреварување по триумфот над Мешков Брест со 25:23 (полувреме 14:10) во второто полуфинале на Фајналфор турнирот во Белорусија. Претходно ППД Загреб ја доби хрватската пресметка со Нексе со 28:23. Мечот за титулата е утревечер од 19 часот