Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајналфор во ракометната ЛШ: Вардар во нов лов на Барселона

0
By Нова ТВ on June 1, 2019 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 1, 2019 15:02

Нека биде како пред две години. Ова е желба и помисла што ги обединува ракометарите на Вардар во пресрет на денешното полуфинале против Барселона на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони во Келн. Мечот во „Ланксес арена“ е закажан во 18 часот и ќе биде претпоследен за овој состав на европскиот првак од 2017 година. Затоа „црвено-црните“ најавуваат дека ќе покажат карактер и ќе остават срце на терен во обид да играат ново финале пред најавената летна разделба.

„И тогаш и сега нè гледаат како аутсајдери, и тогаш и сега дојдовме во Келн без притисок, и тогаш и сега за ривал ја имаме Барселона. Ќе дадеме максимум и ќе се вложиме до последен атом да играме финале“, се пораките што ги емитуваат сите вардарци под команда на Роберто Гарсија Парондо во моментот во Германија.

Македонската ракометна гордост викендот по третпат ќе игра на завршница во Лигата на шампиони. Првата, во 2017 година, беше неочекувано еуфорична. Вардарци најпрво ги шокираа Каталонците во полуфиналето, а потоа и ПСЖ во финалето за враќање во Скопје со престижниот пехар и голема забава на плоштадот „Македонија“.

Од аспект на перцепција на големата четворка во Лигата на шампиони, вардарци се наоѓаат во слична ситуација и овојпат. Но, од аспект на внатрешните случувања во клубот во оваа сезона, сликата е неспоредливо различна. Стручниот штаб се соочува со проблеми околу повредени играчи, во меѓувреме заминаа неколкумина од ростерот со кој беше освоен трофејот пред две години и како капак доаѓа беспарицата и неколкуте плати што ги должи управата на клубот. Но, она што е исто како во 2017 година се мотивите што не се опаднати ниту сантиметар. Се е оставено настрана и фокусот е само на Келн и дуелот со Барселона чии ракометари триумфираа над вардаровите во двете соочувања во групната фаза во оваа сезона.

„Минатата година дојдовме во Келн како бранители на тронот и во освојувачка мисија. Бевме под притисок и тоа го направи своето. Овојпат ме потсетува на 2017 година. Тогаш дојдовме да замрсиме сметки на сите како и сега. Во ситуација сме да нема што да загубиме. Многупати низ сезоната се вадевме во мечеви, покажувавме и карактер и срце и максимално сме мотивирани да ја победиме Барселона. Ќе сториме се така и да биде“, нагласи Игор Карачиќ.

Патот на Вардар до Келн водеше преку освоеното трето место во групата А, а потоа и низ два двомеча во осминафиналето и четврт-финалето против ППД Загреб, односно, ПИК Сегед.

Во првото полуфинале на завршниот турнир во ЛШ ќе играат Кјелце и Веспрем на Дејан Манасков од 15.15 часот, термин во кој утре ќе се одигра мечот за третото место. Големото финале е утре попладне од 18 часот.

Барселона Вардар Игор Карачиќ Келн Лига на шампиони ракомет Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.