Анадолу Ефес е прв финалист на Фајналфор турнирот во кошаркарската Евролига. Екипата на Ергин Атаман во полуфиналето го растури градскиот ривал од Истанбул, Фенербахче со 92:73 (по четвртини: 19:20, 26:20, 23:17, 24:16).

Блескава партија во „Фернандо Буеса“ арена во Виторија имаше Американецот Шејн Ларкин кој постигна 30 коша, одличен и Василие Мициќ, стрелец на 25 коша.

Најефикасен во поразениот тим беше Јан Весели во 14 поени, двоцифрени беа уште Ерик Грин (13) и Никола Калиниќ (12).

Противник на Анадолу Ефес во мечот за титулата ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва што е закажано за вечерва со почеток во 21 часот.

Големото финале е во недела од 20.30 часот, мечот за бронзениот медал е, исто така, во недела од 17.30 ч.