ЦСКА Москва и Анадолу Ефес ќе играат за титула во годинашното издание на Евролигата. Рускиот гигант во второто полуфинале на Фајналфор турнирот во Виторија го совлада Реал Мадрид со 95:90 (по четвртини: 18:22, 25:23, 22:28, 30:17).

Серхио Родригез и Нандо де Коло беа лидери на „армејците“. И шпанскиот и францускиот рутинер постигнаа по 23 поени, Вил Клајбурн додаде 18, Кори Хигинс уфрли 11. Мадриѓани, пак, кои останаа без прилика за одбрана на тронот во финалето, имаа цела петорка кошаркари со двоцифрен број кошеви, но изостана крајниот ефект.

Лидер во екипата на Пабло Ласо беше Фабијан Косер со 18 поени, Серхио Љуљ постигна 13, Ентони Рендолф 12, а Руди Фернандез и Факундо Кампацо по 10.

Во првото полуфинале, Анадолу Ефес го совлада Фенербахче со 92:73. Финалето е во во недела од 20.30 часот, мечот за третото место на турнирот е со почеток во 17.30 ч.

Евролига, Фајналфор

Полуфинале

ЦСКА Москва – Реал Мадрид 95:90

Фенербахче – Анадолу Ефес 72:93

Финале: ЦСКА Москва – Анадолу Ефес (недела, 20.30 ч.)

За трето место: Реал Мадрид – Фенербахче (недела, 17.30 ч.)