Browsing: финале

Тимот од Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 за трето европско финале во последната декада што го дофати и францускиот прволигаш од Марсеј со гол во 116 минута против Салцбург. Австрискиот бундеслигаш го доби основниот дел со 2:0, резултат со кој и Олимпик славеше како домаќин

„Црвено-белите“ го совладаа Морнар со 88:69 (по четвртини: 26:19, 26:18, 16:19, 20:13) за конечни 2:1 во полуфиналната серија подобар од три со што обезбедија пресметки со Будуќност за тронот во регионалното натпреварување. Шампион ќе биде екипата која ќе стигне до три победи во финалето. Серијата за титулата почнува на 9 април во Белград

„Триколорите“ поведоа со 2:1 во финалето во Лил по триумфот во двојки на Гаске и Ербер против Бемелманс и Де Лор со 6:1, 3:7, 7:6, 6:4. Утре ќе се играат последните два меча во сингл во кои Цонга за противник ќе го има Гофан од 13,30 ч., а ако биде потребно по нив на теренот ќе излезат и Пуј и Дарсис

Давид Гофан во воведниот меч го совлада Лук Пуј со 3:0 (по сетови: 7:5, 6:3, 6:1), а за израмнување на „триколорите“ се погрижи Жо Вилфред Цонга кој со идентичен резултат го порази Стив Дарсис (по сетови: 6:3, 6:2, 6:1)

Девојката од Флорида во сеамериканското финале во Њујорк, прво од 2002 година (сестрите Вилијамс), ја порази сонародничката Медисон Киз со 6:3, 6:0 за прва гренслем титула во нејзината кариера, но и за испишување на една од најубавите спортски приказни во 2017 година

Шпанската тенисерка едноставно беше немилосрдна кон Романката нанесувајќи ѝ го еден од најтешките порази во кариерата. Шампионката на Вимблдон загуби само еден гем во меч што се најавуваше и очекуваше да биде неизвесен и со три сета, а траеше само 56 минути, за конечни 6:1, 6:0