Шпанско-француска пресметка за трофејот во Лига Европа. Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј ќе играат на 16 мај во Лион во финалето на второто квалитативно клупско натпреварување на УЕФА.

https://www.youtube.com/watch?v=a4AIKWznpiA

По нерешените 1:1 во Лондон, Атлетико Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 во реваншот на „Ванда Метрополитано“. Човек на одлука беше Диего Коста во судиското надополнување на првиот дел за трето европско финале на „јорганџиите“ на Диего Симеоне во последната декада. Во 2010 година го совладаа Фулам, две години подоцна и Атлетик Билбао.

https://www.youtube.com/watch?v=xeiPU8cDmg4

Салцбург, пак, успеа да ја анулира предноста на Олимпик Марсеј (0:2) од првиот меч. Австрискиот бундеслигаш го доби основниот дел од реваншот со 2:0 со головите на Хаидара во 53. минута и на Сар во 65. минута за продолженија на „Ред Бул арена“. Французите, сепак, стигнаа до посакуваниот гол во 116. минута преку Роналдо што беше причина за огромна радост на гостинските фанови под Алпите.

Лига Европа

Полуфинале, реванши

Атлетико Мадрид – Арсенал 1:0 (1:1)

Салцбург – Олимпик Марсеј 2:1 по продолженија