Browsing: Формула 1

Британецот ја почна уличната трка во Монако како 13, а ја заврши како седми поради проблеми со својот болид. По шест станици во Формула 1 шамионатот во 2017 година заостанува 25 бода во генералниот пласман зад лидерот Фетел. Шанса за поправање на впечатокот ќе има на 11 јуни на патеката „Жак Вилнев“ за ГН на Канада

Германецот до третата победа во 2017 година, по Австралија и Бахреин, стигна со време од 1:44:44,340 часа, Кими Раиконен заврши како втор (+3,145 сек.), за место на подиумот се избори и Даниел Рикардо (+3,745 сек.). Наредната трка во сезоната ќе се вози на 11 јуни за ГН на Канада

„Летечкиот Финец“ по 17 пат во кариерата, првпат по пауза од девет години, ќе поведе трка во октанскиот циркус, Британецот поради проблеми со управување на болидот не успеа да се пласира во третиот круг квалификации

Времето со кое Британецот на патеката Каталуња стигна до втора победа во сезона и 58 во кариерата беше 1:35:56,497 часа. Второто мсто за Фетел, третото за Даниел Рикардо. Одлични пилотите на Форс Индија, Перез и Окон, први бодови во сезоната за Заубер. Раиконен ја заврши трката во првиот круг, Ботас во 38.

Трката во Имола за ГН на Сан Марино пред 23 години беше фатална по животот на бразилскиот пилот. Ја загуби контролата врз својот болид по откажување на управувачкиот механизам и со брзина од 218 км./ч. се заби во ѕид во свиокот „Тамбурело“

Германецот беше најбрз попладнево на патеката „Сакир“ за втора негова победа во 2017 година. Времето што притоа го оствари беше 1:33:53 часа оставајќи ги зад себе двата пилота на Мерцедес, Луис Хамилтон (+6.660 сек.) и Валтери Ботас (+20,397 сек.)