Browsing: Фудбал У21

На трите бода од Подгорица во четвртокот против Црна Гора, „надежите“ додадоа уште еден по ремито (1:1) на домашен терен со Казахстан и со вкупно седум се трети на табелата во шестата квалификациска група за ЕП 2021. Наредниот месец ги очекуваат два гостувања кај дијаметрално различни противници. На 14 ноември ќе играат против Шпанија на стадионот „Санто Доминго“ во Алкоркон, а пет дена подоцна во Торшавн ќе го одиграат реваншот со Фарски Острови

Конечни 2:1 за избраниците на Благоја Милевски во Подгорица за преземање на лидерската позиција во групата 6 со 6 бода колку што има и Шпанија. Двоен стрелец беше Јани Атанасов во 14. минута и во 33. минута од пенал. Младата селекција во вторник ќе игра и со Казахстан во Скопје