Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
„Светците“ и без Нејмар, Кавани, Муние и Рабио ги совладаа „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ со 2:0, римјаните, пак, со 2:1 ќе патуваат на реваншот на „Драгао“ во Португалија
Томас Тухел, тренер на париските „светци“, признава – „ослабени сме“, па целиот товар и притисок ќе падне на Килијан Мбапе. Дуелот на „Олд Трафорд“ е со почеток во 21 часот кога ќе почнат и Рома и Порто на „Олимпико“ со кои почнува и примената на ВАР технологијата во ЛШ
Дејвид Бекам ќе добие статуа пред стадионот на Лос Анџелес Галакси на втори март. Ова го најави Брендан Ханан, портпарол…
Аргентинската ѕвезда со Барселона со бруто месечна заработувачка од 8,3 милиони евра, Португалецот во Торино добива 4,7 милиони евра
Безживотното тело на Аргентинецот беше извадено и идентификувано по падот на авионот „пајпер“ во Ла Манш. Потврда на наодите од обдукцијата стигна и од британската полиција по што последен поздрав упати и Кардиф, клуб во кој младиот напаѓач направи трансфер од Нант за 17 милиони евра
Засега не е идентификувана ниту една од жртвите за кои се знае дека се возрасни меѓу 14 и 17 години. Покрај десетте загинати, повредени се и три лица кои се хоспитализирани по трагичниот настан во центарот „Нињо де Урубу“ што е реновиран пред два месеца за што, според агенцијата „Ројтерс“ се потрошиле 23 милиони реали (4,8 милиони фунти или 6,2 милиони евра)
„Специјалниот“ беше обвинет дека во периодот 2011-2012 како менаџер на Реал Мадрид не пријавил приход од маркетиншки ангажман од 3,3 милиони евра за што е казнет со два милиона евра што прифати да ја плати, но, според шпанските закони, нема да заврши зад решетки бидејќи санкцијата изречена за период помал од две години
Леталото од типот „пајпер“, што исчезна од радарите на 21 јануари, е лоцирано на дно на морето, пренесува британскиот ТВ сервис. Приватната агенција (ААИБ) што беше ангажирана од семејството на аргентинскиот напаѓач ја извести јавноста дека нема да презема натамошни чекори
Младиот лев бек на Вардар, Филип Антовски (18) со трансфер во Динамо Загреб. „Црвено-црните“ ќе добијат 25.000 евра за тинејџерот…
„Кралевите“ и во реванш четвртфиналниот дуел ја поразија Џирона со 3:1 (првиот меч го добија со 4:2) и се придружија на Барселона, на Валенсија и на Бетис во борбата за титула. Францускиот напаѓач со двата гола изби на чело на вечната листа на стрелци на тимот од „Бернабеу“
Сите четири гола на стадионот „Виталити“ беа постигнати во второто полувреме. Двапати Кинг (47’, 74’) и по еднаш Брукс (63’) и Дениелс (90’+5’) ја тресеа мрежата на Аризабалага за јубилејна десетта победа во сезоната и десетто место на табелата со 33 бода
Покрај Каталонците, пласман во полуфинале осигураа и Бетис и Валенсија додека за последниот патник вечерва ќе решаваат Џирона и Реал Мадрид. „Кралевите“ имаат 4:2 од првата средба