Browsing: фудбал

„Росонерите“ во премиерата на 25. коло го совладаа Емполи, најслабиот гостин во калчолигата во оваа сезона, со 3:0 и се доближија на само бод од градскиот ривал Интер кој утревечер (недела) во 20.30 часот ќе ` гостува на Фиорентина. Полскиот репрезентативец со гол во 49. минута ги најави трите бода на „Сан Сиро“

Шпанскиот весник наведува дека двете страни постигнаа заеднички јазик за продолжување на соработката со што е ставен крај на шпекулациите за можен трансфер на Хрватот во Интер

Казната за „сините“ се однесува за неправилности при купување на фудбалери помлади од 18 години меѓу кои и поранешниот напаѓач Бертран Траоре. Врз основа на документите што излегоа во јавност, под лупа на ФИФА во случајот беа 19 млади играчи во изминатите три години од кои, наводно, 14 биле малолетни

Шпанскиот претставник со два гола во второто полувреме го совлада Јувентус (2:0), „граѓаните“ на Пеп Гвардиола подобри од Шалке со 3:2 со пресврт во финишот на средбата иако од 68. минута играа без исклучениот Отаменди. Реваншите ќе се одиграат на 12 март

Чилеанецот, според „Сан“, моментно има неделна плата од 505.000 фунти во Манчестер јунајтед, но англиските медиуми често пати знаат да го пецнат дека повеќе „настапува“ одошто игра. Оваа сезона одигра 615 минути во кои постигна еден гол и забележа три асистенции

Моделот што го „прошета“ на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе може да го набават и оние со подлабок џеб, па ѕвездата на „бјанконерите“ нема да биде единствен што ќе поседува такви за разлика од роденденските со 24 каратно злато

Калчолигашот наводно понудил 35 милиони евра, Каталонците за хрватскиот репрезентативец бараат 45, па оттука и заклучокот дека двете страни се часови до наоѓање на средина во зависност од дополнителните бонуси што ќе бидат вклучени за популарниот Ракета

Ливерпул имаше повеќе прилики пред голот на Мануел Ноер, особено во првото полувреме, меѓутоа, се чини, напаѓачите на Јирген Клоп затаија во концентрацијата, но веруваат во пласман во четврт-финале во Лигата на шампиони иако во реваншот во Минхен ќе патуваат со 0:0

Александар Коларов во 55. минута од пенал и Фацио во 73. минута беа стрелци во 11. сезонски триумф на „волчицата“, Шансоне во 84. минута погоди за гостите кои до крајот не успеаја и до втор гол за израмнување