Премиера на претставата „Хумана Приказна”

Оваа претстава е тријазична (со титли за гледачите) и ги опфаќа македонскиот, албанскиот и турскиот јазик, притоа покривајќи повеќе различни општини и региони. Влезот на претставата е бесплатен, премиерата е во сабота на 7 декември со почеток во 20 часот во МКЦ „Кино Фросина”, а караванот на претставата „Хумана Приказна” ќе опфати неколку градови низ Македонија.