Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на претставата „Хумана Приказна”

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 4, 2019 16:33

Во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, в сабота на 7 декември со почеток во 20 часот во МКЦ „Кино Фросина”, ќе се одржи премиера на претставата „Хумана Приказна”, која е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на „Онлимит медиа“ и во партнерство со Народниот правобранител.

Оваа претстава има за цел да даде позитивен импулс кон информирањето на граѓаните за надлежностите на институциите, снабдувајќи ги со дополнителни информации, промовирајќи ја институцијата Народен правобранител првенствено пред младите луѓе и жените, зголемувајќи го присуството на Правобранителот во руралните подрачја и промовирајќи ги професионализмот, експертизата и транспарентноста на Канцеларијата на народниот правобранител што несомнено ќе значи нејзино придвижување кон поголема самостојност и кон стекнување на поголема доверба меѓу граѓаните.

Театарската уметност може да послужи како алатка за поврзување на Народниот правобранител со обичните луѓе. Користејќи театарски техники како што се дијалогот, персонификацијата, сценското прикажување на различни примери и ситуации, претставувањето на обете страни (злоупотребувачот и злоупотребениот), публиката има можност да проследи сцени од секојдневието, разни сценарија што на прв поглед може да изгледаат безизлезни ама, со оглед на надлежностите  на Правобранителот, тие сценарија на крајот ќе имаат среќна завршница.

„Во оваа претстава ликовите, колку од една страна може да се вистински и исцрпени од вистински случаеви, толку од друга страна сите тие ликови кои што ќе ги видиме на сцена нè претставуваат сите нас и тоа се ликови наши соседи, наши роднини, колеги, ликови коишто сигурен сум ги познаваме од нашето секојдневие, а не би сакал да кажам дека некој од нас би можел и да се препознае во истите, за жал. По завршување на претставата публиката ќе има можност да биде дел од отворената дискусија со Народниот правобранител”, изјави режисерот Бесфорт Идризи.

Претставата е постмодерна, со фрагментарна структура што прикажува различни ситуации и состојби во кои учествуваат различни личности. Сценариото опфаќа некои од проблематичните области како што се: недискриминација и соодветна и рамноправна застапеност, затворски ситуации, здравствени прашања, работи поврзани со деца, деца и возрасни со посебни потреби, образование, социјални работи, полиција, урбанизам и градежништво, животна средина и многу други. Претставата, исто така, води сметка и за рамноправната родова застапеност, опфаќа сценарија и од урбаните и од руралните средини, претежно е ориентирана кон младината без да ги запоставува притоа постарите граѓани, прикажува сценарија со необразовани лица или лица што завршиле само основно образование.

Оваа претстава е тријазична (со титли за гледачите) и ги опфаќа македонскиот, албанскиот и турскиот јазик, притоа покривајќи повеќе различни општини и региони. Влезот на претставата е бесплатен. Караванот на претставата „Хумана Приказна” ќе опфати неколку градови низ Македонија.

„Хумана приказна“ Арт и живот култура претстава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.